Првата победа ја донесе Попирин кој со 2-0 во сетови го совлада Виртанен. Првиот сет беше неизвесен, се играше тајбрејк кој го доби Австралиецот со 7-5. Во вториот беше убедливо со 6-2.
Во вториот меч Алекс Де Минор го надигра Емил Русувуори и го доби во два сета. Првиот сет му припадна со 6-4, во вториот беше подобар со 6-3.
Австралија во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Србија и Италија.