среда, 23 октомври 2024

Авион со дупка на трупот еден час летал над Белград (ФОТО+ВИДЕО)

Авион на компанијата Маратон ерлајнс која врши летови за Ер Србија, принудно слета на аеродромот Никола Тесла во Белград со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.

Според неофицијални информации, пишува Н1 Србија, причина за инцидентот е краткиот залет на пилотот при полетувањето така што немал доволно време порано да се одвои од пистата и да ја избегне светлосната сигнализација.

Во оваа состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.

Ер Србија соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ