недела, 23 февруари 2025

Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“ (ВИДЕО)

Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и дете, но е во добра состојба, соопшти детската болница во Торонто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Силен ветер дувал над аеродромот кога контролорите на лет му дозволиле на авионот на Делта ЦРЈ900 да слета. За неколку моменти, авионот се превртел на пистата, а од него се издигнал пламен.

Сите 80 патници и членови на екипажот во авионот, кој летал од Минеаполис, преживеале, но сѐ уште не е јасно како се превртел авионот. Патниците, кои носеле појаси, останале да висат на седиштата.

Канадски и американски истражители учествуваат во истрагата чија цел е да се утврди како се превртел авионот.

Авионот полетал од Минеаполис и се приближил до својата дестинација на меѓународниот аеродром во Торонто Пирсон непосредно пред 15 часот по локално време, соопшти авиокомпанијата.

Додека авионот се приближувал до аеродромот, контролорите на лет ги известиле неговите пилоти за налети на ветер од околу 60 км/ч. „Можно е да има мала испакнатина на пистата“, рече контролорот.

Во рок од две минути, авионот се превртел. Пожар избувнал во делот од трупот каде што се наоѓа моторот, а авионот удрил во пистата, изјавиле за Си-ен-ен патниците Џон Нелсон и Питер Куков.

Куков рекол дека „не знаел дека нешто се случува“ сѐ додека авионот не удрил во земјата. Почувствувал дека е свртен настрана.

„Кога сѐ беше готово, јас бев свртен наопаку, а и сите други“, рекол Нелсон. „Се обидовме да избегаме што е можно побрзо.“ Тој додал дека откако излегол од авионот, дошло до нова експлозија, но „за среќа, пожарникарите веќе беа таму“.

Не е јасно каде избувнал пожарот, но снимката покажува дека се стопил дел од куќиштето на моторот.

Откако авионот запрел, „висевме наопаку како лилјаци“, рекол Куков.

Нелсон рекол дека сцената била хаотична бидејќи тој и сопатникот на седиштето до него ги откопчале појасите и паднале на подот. Луѓето им викаа да излезат од авионот, а тие се упатија кон вратата, рече тој.

Стјуардесите им помогнале на патниците да отползат низ отворената излезна врата, повикувајќи ги луѓето да ги остават своите лични работи зад себе, иако некои сепак излегувале сосе торбите, покажуваат видеата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ