Словачките медиуми денес јавија дека атентатор е 71-годишниот домашен писател Јурај Цинтула. Цинтула е основач на Книжевниот клуб Дух и член на Друштвото на словачки писатели.
‼️ Video of the first interrogation of the man who shot Fico 5 times
The writer Juraj Cintula, who shot #Slovak Prime Minister #Fico, said he did it because he disagreed with the government's policies. pic.twitter.com/DDPBLnyxFj
— NEXTA (@nexta_tv) May 15, 2024
Словачкиот портал Актуалити ја пренесе изјавата на неговиот син кој тврди дека татко му имал дозвола за пиштолот. „Апсолутно немам поим што мојот татко намеравал, планирал, што се случило“, изјави тој.
Фицо бил застрелан по седница на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Обидот за убиство се случил кога Фицо се приближил кон група свои поддржувачи.
Според официјалните информации, словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот. Итно со хеликоптер бил префрлен во болница, а состојбата му е тешка. Словачката влада објави дека Фицо е во животна опасност.