Тотнем врза три порази во низа во Премиерлигата откако денеска загуби и од Астон Вила.
Како и при претходните порази така и сега момците на Постекоглу почнаа со водство, Ло Селсо во 22. минута постигна убав гол за предност од 1-0.
Само две минути подоцна Воткинс постигна гол, но ВАР му го поништеи поради офсајд. Во текот на мечот ВАР поништи и три гола на Сон поради офсајд.
Длабоко во судиското продолжение од првото полуврема Пау Торес постигна гол за израмнување 1-1.
По 15 минути игра во вториот дел Оли Воткинс реализираше за 2-1 и победа на Астон Вила.
Астон Вила е на четвртата позиција со 28 бода колку што има и Ливерпул. Тотнем падна на петтото место со 26 бода.