Судот утврди дека Договорот за давање согласност и доделување право и издавање на одобрение за поставување урбана опрема за вршење угостителска дејност на кејот на реката Вардар од 23 март 2016 година, во јули 2020 година бил еднострано раскинат, со рок од 30 дена за отстранување на галијата. Причината за раскинувањето било наводното неплаќање на закупнината и бил даден рок од 30 дена галијата да биде отстранета.
Надоместот за причинетата штета е 615.000 денари со законска казнена камата сметана од 1 јули 2020 година и плус трошоците во постапката.
„Се надевам дека ова ќе значи крај на криминалното самоволие на одредена група политичари кои не успевајќи да изнудат милионски суми, прават вакви бесправни дејства и нанесуваат материјална штета на приватни фирми, но и на буџетот на Македонија. Нашата цел е да продолжиме да работиме, да ја вратиме инвестицијата, а не да нанесуваме штета на градот Скопје и на нашите сограѓани. Не сакаме да продолжуваме со тужбениот процес, кој може да заврши со барање за отштета од 5 милиони евра пред меѓународен суд имајќи предвид дека се работи за странска инвестиција, од Бугарија, држава со која Македонија има потпишано Договор за заштита на инвестициите. Се надеваме дека и граночалничката и Советот на Град Скопје ќе донесат правилна одлука во заедничка корист во најскоро време“, вели во изјвата Жарко Миленкоски, управител на ЕМУС.