Арсенал неочекувано убедливо го совлада Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион прими дури пет голови.
А кој ќе доминира на овој меч беше најавено уште во втората минута кога Одегард по асистенција од Хаверц даде гол за водство на Арсенал од 1-0.
Во првото полувреме Хаверц пропушти огромна прилика да го зголеми водството на Арсенал.
По десет минути игра Халанд даде гол со глава и го изедначи резултатот на 1-1.
Но веќе во следната минута Парти од далечина даде гол и ја врати предноста на Арсенал, 2-1.
Шест минути подоцна Луис Скели погоди за 3-1, а во 76. минута Хаверц реализираше за предност од 4-1. Веќе се беше јасно.
Во третата минута од судиското продолжение Нванери со шут од далечина ги постави конечните 5-1.