петок, 18 октомври 2024

Аргентина се откажува од доларот, увозот од Кина ќе го плаќа во јуани

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со амбасадорот на Кина Жу Ксијаоли и кинеските претприемачи почнуваме размена со Народна Република Кина, што ќе ни овозможи да го плаќаме увозот од таа земја во јуани, со кои ќе замениме 1,04 милијарди долари во април и 790 милиони долари од мај“, порача тој на Твитер.

Извозот на Аргентина е намален за 15 милијарди долари поради „најлошата суша во историјата на државата“, додаде Маса.

„Тоа пред нас постави нов предизвик да ги задржиме резервите за одржување на нивото на увоз на материјали и стока“, објасни тој и додаде дека преминувањето на јуанот во трговијата со Кина ќе обезбеди „повеќе слобода“ за Аргентина и ќе ги „зајакне нејзините резерви“.

Минатиот ноември претседателот на јужноамериканската земја Алберто Фернандез кажа дека Кина се сложила да ја прошири размената со Аргентина на пет милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ