среда, 23 октомври 2024

Антикорупциска почна да го истражува договорот на државата со Бехтел и Енка за изградба на автопатиштата

Објавено на

часот

Сподели

„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави Ивановска.

Ивановска рече дека не може да зборува за рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. 

„Го формиравме тимот. Точно. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој во јавни набавки повеќе, некој во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Советникот каде што по редовен пат, нели, по електронскиот систем се паднал предметот, членот на комисијата Катица Николовска, јас се вклучив во предметот, така што со заеднички сили ќе истераме напред. Не можам да кажам некои строги рокови заради тоа што и времето ни е малку расцепкано. Постојано сме вклучени во скрининзите на законите со Европската Унија меѓутоа тимот од советници работи. Ние се координираме и кога не сме физички присутни, нели технологијата дозволува. Тој предмет најмногу од сите ни тежи, така што сите сили се вложени за да биде што побрзо“, изјави Ивановска.

Таа денеска учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во основното училиште „Коле Неделковски” во општина Центар.

„Веднаш по изборот на нашата комисија добив покана од професор по граѓанско да поразговарам со едно одделение на темава и јас бев пријатно изненадена бидејќи децата покажаа многу висока свест, се знаат и впиваат и мене ми беше мило што на темата се зборува и наставникот имаше навистина отврорен разговор со учениците, изјави Ивановска.

Таа појасни дека целта на кампањата е да им се покаже на децата дека хероите на чесноста се всушност оние кои ги победиле лошите чувства, поточно особините како алчноста, лакомоста и неправедноста, како и дека хероите на чесноста се оние кои се издигнале себеси врз основа на сопствените можности способности знаење и капацитет.

„Ќе зборуваме што е корупција, што е интегритет, како е да се биде транспарентен како тие се чувствуваат во училиштето, ќе спроведиме кратка анкета ќе ги прашаме дали се сведоци на неправедно доделени оцени, кому да се пожалат, дали родителите на некој начин ургират, појасни Ивановска.

Светлана Масларевска, директорка на училиштето „Коле Неделковски“ изрази благодарност до ДКСК што одлучиле училиштето да биде вкучено во кампањата.

„Знаете ние во училиштето како наставен кадар работиме не само на образовниото, туку и на воспитниот план, ние сме всушност втори родители и работиме пред се на тоа да се создадат некои размислувања кај учениците дека алчноста, интегритетот,  чесноста се всушност доблест на секое дете“, изјави таа.

Во однос на најавите од МВР за покревање иницијатива која ќе има за цел зголемување на безбедноста во училиштата, директорката рече дека подготовките се започнати и дека добиле и насоки од МВР како да постапат.

Државната комисија на корупција, кампањата ја започна пред три дена. Наредниот период предавања ќе се одржат и во ОУ „Братство“ како и во училиштетото „26 јули“, а по завршувањето на распустот, иницијативата ќе продолжи уште во неколку скопски училишта како и во училишта низ државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ