петок, 18 октомври 2024

Анонимус ги бутна владините и водечките музички сајтови

Објавено на

часот

Сподели

Како одговор на денешниот федерален упад на сервисот за размена на документи Мегааплоуд, хакерите на онлајн-колективот Анонимус упаднаа на веб-сајтовите на ФБИ, Министерството за одбрана и водечките музички и филмски компании во Америка.

„Ова беше одмазда за Мегааплоуд, како и моменталниот напад на justice.org“, изјави оперативецот на Анонимус Барет Броун за Раша тудеј.

Неколку часа пред да паднат владините и забавните сајтови, се појавија вести дека Мегааплоуд, огромен сајт за размена на податоци со 50 милиони дневни корисници, бил заземен од федерални агенти. Четворица луѓе поврзани со Мегааплоуд биле уапсени во Нов Зеланд, а агенти извршиле претреси на најмалку 20 локации низ целиот свет.

Досега хакерите успеаја да упаднат во сајтовите на ФБИ, Министерството за правда, Американската асоцијацијата за музичка индустрија, владиниот сајт за авторски права и тој на Бродкаст мјузик, организација што ги претставува најголемите имиња во музичката индустрија.

Браун, во име на Анонимус изјави дека главното допрва следува и дека хактивистите се организираат со здружени сили да ја „попречат способноста за собирање пари за предизборната кампања на демократите што сè уште го поддржуваат СОПА“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ