недела, 20 октомври 2024

Анкета на ИРИ: Зголемена поддршка за членство во ЕУ, Пендаровски и Груевски со најголема доверба

Објавено на

часот

Сподели

Во Пендаровски целосно веруваат 12 отсто од испитаниците а 26 отсто имаат делумна доверба во претседателот.

Втор на листата е поранешниот премиер Никола Груевски во кој целосно веруваат 11 отсто од испитаниците, а делумна доверба ужива од 19 отсто од испитаните граѓани. Третото место го делат премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со 8 отсто целосна доверба, но на Ковачевски делумно му веруваат 17 отсто од испитаниците, а на Мицкоски 21 отсто од испитаните граѓани.

хх

Доколку утре би се одржале избори, анкетата покажува дека 19 проценти од испитаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 11 отсто за СДСМ и 8 отсто за ДУИ.

Според анкетата на ИРИ, скопјани не би ја гласале за втор мандант градоначалничката Данела Арсовска. 53 отсто од испитаните граѓани сметаат дека Скопје треба да има нов градоначалник.

56 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока.

На прашањето дали Македонија се движи во добра или во погрешна насока, дури 4 пати повеќе односно 56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 проценти сметаат дека се движи во добра насока.

Анкетата покажува кој според граѓаните е најважен проблем со кој се соочува Македонија. На прашањето кој според вас е најважниот прв и втор проблем со кои се соочува Република Македонија денеска, дури 15 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека прв најважен проблем со кои се соочува државата е економската ситуација. Веднаш потоа, како втор најважен проблем кој го посочуваат граѓаните во анкетата на ИРИ или дури 13 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е сиромаштијата, нискиот животен стандард како и проблемите на обичните граѓани, додека пак 11 проценти од граѓаните сметаат дека високите цени се вториот најважен проблем.

12 проценти од испитаниците пак сметаат дека прв проблем со кој се соочува државата е невработеноста, додека пак за втор најважен проблем односно 9 проценти со кој се соочува Македонија е токму иселувањето на младите.

Веднаш потоа на прашањето дали според нив владата на Ковачевски е посветена на решавање на првиот најважен проблем со кој се соочува Македонија спомнат претходно, дури 40 проценти одговориле дека воопшто не е посветена на решавање на економската ситуација. Според анкетата само 3 проценти од граѓаните сметаат дека целосно е посветена, додека 17 проценти сметаат дека во принцип е посветена, 37 проценти одговориле дека во принцип не е, додека најголем процент односно 40 процентот од испитаниците сметаат дека владата на СДСМ и Ковачевски воопшто не е посветена на решавање на првиот проблем или подобрување на економската ситуација.

На прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската Унија, 79 отсто од испитаниците одговориле со да. Ова претставува раст од шест процентни поени во однос на анкетата извршена минатиот октомври.

„Растот во поддршката за ЕУ интеграцијата е знак дека западните институции нудат надеж за успешна иднина” изјави Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа.

јк

Анкетата исто така покажа дека поголемиот број на граѓани немаат доверба во владеењето на правото. Само 31 отсто од испитаниците се согласиле дека законот еднакво се применува за сите граѓани на Македонија што е најниско ниво до сега.

65  отсто не се согласиле со оваа изјава.

„Нашата анкета покажува дека помал број на граѓани имаат доверба во еднакво спроведување на законот. Лидерите во Скопје мора да се осврнат на ова прашање доколку сакаат да влеат доверба во владата и во политичките институции на земјата”, рече Мекарти.

Довербата во судството и обвинителството паѓа кон нула отсто. Судството и обвинителството имаат целосна доверба само кај 1 отсто од испитаните, а делумна доверба судството има кај 18 проценти, а обвинителството кај 17 отсто.

Граѓаните во медиумите имаат 7 отсто целосна и 41 отсто делумна доверба и се веднаш зад банките, кои се на прво место со 11 отсто целосна доверба.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот, членка на групацијата Кантар.

Правена од 8 април до 4 мај 2023, со методот, интервјуа лице-в-лице во домовите на 1204 полнолетни испитаници. Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95 отсто.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ