среда, 23 октомври 2024
Реакција

Анѓушев: Вработувам по 1.000 луѓе и немам никаков судски процес по моето повлекување од Владата

„Во текот на мојот мандат во Владата на Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја“, реагира Кочо Анѓушев на одлуката САД да го стави на „црна листа“. 

Објавено на

часот

Сподели

„Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1.000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби. Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД.  Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец“, се вели во реакцијата на Анѓушев. 

Тој вели дека силно ги негира сите сомневања изразени во документот објавен од Стејт Департментот и известува дека ќе ја обжали одлуката и ќе ги искористи сите правни лекови за да се повлече оваа одлука. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ