четврток, 13 февруари 2025

Андоновски на самит во ОАЕ: Македонија ќе биде на мапата на држави пионери во напредокот

Министерот за дигитална трансформација на Македонија Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во  областа на управувањето со податоци.

Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

„Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати“, истакнал министерот Андоновски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ