понеделник, 21 октомври 2024

Американските медиуми калкулираат: со една бомба од Ф-25 би можеле да убијат над 300.000 Руси

Во неодамнешен извештај на американскиот магазин Њузвик направена е анализа на новата американска нуклеарна бомба и колку одеднаш би можеле да убијат жители на Русија.

Објавено на

часот

Сподели

Детално е наведено дека новововедената тактичка нуклеарна бомба Б61-13 од страна на американските воздухопловни сили има капацитет да уништи преку 310.000 жители на Москва, главниот град на Русија, со еден напад од борбен авион од петтата генерација Ф-35.

Ако нуклеарното оружје, пак, биде насочено кон погусто населениот центар на Санкт Петербург, извештајот проценува дека бројот на загинати потенцијално би можел да надмине 360.000 луѓе.

Извештајот објаснува дека деструктивната сфера на влијание е исклучително огромна – областа во радиус од 800 метри од точката на детонација на бомбата би била запалена од огромна огнена топка, додека оние кои живеат во радиус од 3 километри од експлозијата веројатно би умреле во рок од еден месец поради силна изложеност на радијација.

Во извештајот се укажува и дека 15 отсто од популацијата би биле в опасност од добивање смртоносен рак. Поголемиот број би пателе од исцрпувачки изгоретини.

Поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и НАТО од почетокот на 2022 година, медиумите сè почесто известуваат за потенцијална нуклеарна војна.

Украинско-рускиот конфликт, за кој се смета дека претставува закана за западните интереси, дополнително ја засилува можноста од интервенција на западниот блок против руските сили.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ