Според најавата на мандатарот Милош Вучевиќ, новата влада на Србија ќе има два члена кои се под санкции на САД: Александар Вулин, кој е предложен за потпретседател на владата, и Ненад Поповиќ, предложен за министер без ресор.
„Нашиот став за господинот Вулин е добро познат. Тој останува под американски санкции“, се наведува во изјавата на портпаролот на Стејт департментот. Исто така се истакнува дека Соединетите Држави не играат никаква улога во кадровските одлуки на српската влада.