петок, 18 октомври 2024

Американскиот лекар кој силувал повеќе од сто гимнастичарки избоден во затвор

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил наводно прободен во грбот и градите.

Поранешниот лекар е обвинет за сексуално малтретирање на стотина гимнастичарки. Негови жртви биле прославени шампионки како Симон Бајлс, Ели Рајсман и Меккејл Маруни. Последната откри дека Насар првпат ја силувал кога имала 13 години.

„Ме нападна штом влегов во репрезентацијата. Кажа дека сака да ме прегледа, а првпат ме силуваше на 13 години. Потоа ме силуваше стотици пати“, кажа Маруни и откри дека му се обратила на тренерот Џон Гедерт за помош, но дека тој не реагирал.

„Му се доверив на тренерот Гедерт, кој не реагираше. Насар кажа дека тоа е жртва која морам да ја прифатам за да отидам на Олимписките игри“, кажа Маруни, која му се јавила на тренерот откако се разбудила гола во креветот на Насер, откако тој ѝ дал апче за спиење.

„Се разбудив гола во неговиот кревет и решив да го пријавам тоа. Но ним им беа важни само парите и медалите. Не сакаа ништо друго. Мојата кариера во гимнастиката не вредеше за тоа со што се соочив. Сега морам да го почнам животот од почеток“, кажа таа.

Маруни на Олимпијадата во Лондон свои златен и сребрен медал.

Истрагата на ФБИ против главниот лекар на гимнастичкиот сојуз Насар почнала во 2015 година, откако претседателот и извршен директор на Американскиот гимнастички сојуз Стивен Пери ги пријавил обвинувањата во канцеларијата на ФБИ во Индијанаполис и на агентите им дал три имиња на жртви спремни да разговараат.

Насар е осуден на 60 години затвор во 2017 година поради поседување и дистрибуирање детска порнографија, а потоа беше осуден на 175 години затвор за сексуално малтретирање на стотина гимнастичарки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ