сабота, 19 октомври 2024

Американскиот амбасадор го надгледува повлекувањето на српската војска од границата со Косово

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил долетал денес со хеликоптер на војската на Србија во инспекција на повлекувањето на единиците од подрачјето крај границата со Косово, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на повеќе неофицијални извори.

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави објавија претходно дека го надгледуваат поместувањето на српската војска кон границата со Косово и го повикаа Белград да ја прекине операцијата и да учествува во истрагата на оружениот инцидент кај селото Бањска на северот на Косово.

Српскиот претседател истакна дека нема намера да ѝ нареди на војската да влезе на Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи ескалација на конфликтот би ѝ наштетила на Србија да стане членка на Европската Унија.

Американскиот амбасадор Хил престојува денес во посета на Рашка и Нови Пазар, на југот на Србија. Хил, според непотврдени информации, во Нови Пазар стигнал со хеликоптер на српската војка, а со него бил и српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Вучиќ по инцидентот на северот на Косово кажа дека војската минатата година имала 14.000 луѓе во близина на административната линија со Косово.

„Денес имаме 7.500 и ќе ги намалиме на 4.000“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ