вторник, 22 октомври 2024

Американски дипломат е пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Киев

Вработен во американската амбасада е пронајден мртов во главниот град на Украина. Телото на неименувано аташе на амбасадата било пронајдено вчера во хотелот Хилтон во Киев, пренесува украинскиот медиум Страна.уа, повикувајќи се на извори од полициските сили.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера околу 11:00 часот во хотелската соба е пронајдено телото на аташето на американската амбасада. На телото не се пронајдени траги на насилство. Вработениот во амбасадата пристигнал во Украина на 15 јуни. Според медицинските информации дадени од амбасадата, тој имал проблеми со висок холестерол“, изјавил изворот.

Украинската новинска агенција Њу војс исто така соопшти дека на телото немало траги на насилство. Тие додадоа дека вратата од хотелската соба била затворена одвнатре. Од агенцијата истакнаа дека не е извршена обдукција и дека телото е предадено на амбасадата.

Во март, четири неименувани извори изјавија за магазинот Форин полиси дека американскиот Стејт департмент планира да распореди 30 до 40 дипломати во американската амбасада во Киев. Тие објаснија дека целта на планот е да им се овозможи на функционерите, вклучително и на амбасадорката Бриџит Бринк, да имаат поголема флексибилност во патувањето низ регионот.

Форин полиси објави дека вработените во амбасадата се преоптоварени бидејќи се соочуваат со недостиг од персонал среде војна. Американскиот Стејт департмент во моментов ги советува американските граѓани да не патуваат во Украина поради „активен вооружен конфликт“.

„Оние кои ќе одлучат да останат во Украина треба да внимаваат на можноста од воени напади, криминал, граѓански немири. Безбедносната ситуација во Украина и понатаму е непредвидлива. Има континуирани извештаи за руските сили кои ги издвојуваат американските граѓани во областите окупирани од Русија во Украина за притвор, испрашување или малтретирање поради нивната националност“, тврди Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ