недела, 14 јули 2024

Американски авиони Ф-16 го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон бркајќи мал авион

Објавено на

часот

Сподели

Околу времето кога го пробиле воздушниот ѕид, Цесна се урнала во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Цитирајќи неименуван извор, Си-ен-ен објави дека во малиот авион имало четири лица.

Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуваниот функционер. Според информиран извор, се верува дека Цесна возел на автопилот и не одговарал на повиците.

Авионот Цесна полетал од аеродромот во Елизабетон, Тенеси и бил на пат кон аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, на околу 80 километри источно од Менхетен, се вели во соопштението на ФАА.

Инцидентот ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот, додаваат тие.

Според веб-страницата за следење летови Флајт ауер, се чини дека Цесна се приближила до поширокото подрачје на Њујорк пред да направи пресврт од речиси 180 степени и да заврши во Вирџинија.

Воените авиони Ф-16 беа испратени од Џоинт бејз Ендрјус, објави Еј-би-си њуз, цитирајќи неименуван официјален претставник. Најмалку еден воен пилот видел дека пилотот на Цесна бил онесвестен, соопшти Еј-би-си.

Пробивањето на звучниот ѕид вознемири многумина во Вашингтон, кои на Твитер пишуваа за силната бучава и тресењето на земјата и ѕидовите. Неколку жители пријавиле дека вревата се слушнала дури до Вирџинија и Мериленд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ