понеделник, 21 октомври 2024

Американската морнарица пресретна неколку проектили во близина на Јемен

Воен брод на американската морнарица што оперира на Блискиот Исток во четвртокот пресретнал повеќе проектили во близина на брегот на Јемен, изјавија двајца американски официјални лица за Си-ен-ен.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од официјалните лица изјави дека проектилите биле истрелани од милитанти Хути, поддржани од Иран, вклучени во тековниот конфликт во Јемен. Според друг официјален претставник, биле пресретнати приближно два или три проектили.

Официјални лица рекоа дека е нејасно што била целта на проектилите. Можно е проектилите да биле истрелани кон бродот УСС Карни или да биле лансирани кон друга цел.

Инцидентот доаѓа во услови на широко распространета загриженост за потенцијалната иранска агресија, бидејќи тензиите на Блискиот исток продолжуваат да растат по терористичкиот напад на Хамас во Израел. Иран долго време го поддржува Хамас.

Брод на американската морнарица во средата помина преку Суецкиот канал во Црвеното Море. Командата на силите на американската флота соопшти во објава на социјалните мрежи дека „ќе помогне да се обезбеди поморска безбедност и стабилност на Блискиот Исток“, пренесува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ