петок, 18 октомври 2024

Американската амбасада во БиХ: Политички моќници управуваат со Република Српска како со семејна фирма

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина објави денес дека поединци и политички моќници под санкции управуваат со Република Српска како со семејна фирма, од која имаат корист членови на нивните семејства и пријатели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На официјалниот профил на социјалната мрежа Икс, амбасадата на САД во Сараево прашува „што е со потребите на граѓаните на Република Српска“ и „каде се парите“.

Покрај тоа, Амбасадата објави извештаи на Канцеларијата на министерството за финансии на САД за контрола на странскиот имот (ОФАЦ) за санкциите наметнати на членови на семејството на претседателот на РС Милорад Додик.

Во тие извештаи се наведува дека во октомври минатата година се воведени санкциите на синот и ќерката на Додик, Игор и Горица Додик, и фирми кои се во нивна сопственост.

Американската амбасада во БиХ веќе неколку дена им поставува прашање на властите на Република Српска каде се парите за кои тој ентитет на БиХ се задолжил преку берзите.

Амбасадата тврди и дека преку фирми кои се доведуваат во врска со семејството Додик се извлечени јавни средства од Република Српска со цел богатење на сметка на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ