понеделник, 21 октомври 2024

Американската амбасада: Додик е во заблуда ако мисли дека може да ја подели БиХ

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик е во заблуда ако мисли дека може да ја подели Босна и Херцеговина, а изјавите во кои тоа го најавува се само доказ дека тој претставува закана за мирот и стабилноста на само за таа земја туку и за целиот регион, порача денес американската амбасада во Сараево.

Објавено на

часот

Сподели

Реагирајќи на интервјуто кое Додик го даде за хрватскиот неделник Национал, во кое кажа дека Република Српска ќе се отцепи од БиХ доколку високиот претставник Кристијан Шмит наметне закон за државен имот и дека наводно 10 до 15 држави уште сега се спремни да го поддржат тој ентитет како независна држава, амбасадата на Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс (Твитер) тврди дека тоа сигурно нема да се случи.

„Според уставот на Босна и Херцеговина, ниту ентитет ниту друга пониска административна единица немаат право на отцепување. Заблудите на Додик се опасно свртување од мирната, демократска и просперитетна иднина која граѓаните на БиХ, вклучувајќи ги и тие во РС, ја сакаат и заслужуваат. Соединетите Држави секогаш го поддржувале и ќе продолжат да го поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ“, се наведува во реакцијата.

Се истакнува и дека реториката и заканите со отцепување од БиХ на Додик претставуваат дејствување против Дејтонскиот договор. Тоа е оценето како опасно не само за стабилноста и безбедноста на БиХ, туку и за безбедноста и стабилноста на целиот регион Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ