петок, 18 октомври 2024

Американска претставничка со говорна мана одржа говор користејќи глас создаден од вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Американска претставничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма на вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, јавува Би-би-си.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На претставничката пред една година ѝ беше дијагностицирана говорна мана поради болеста супрануклеарна парализа што го отежнува говорот.

Програмата на вештачката интелигенција ѝ овозможи на Векстон да создаде клон на својот глас користејќи стари снимки од настапи и говори што ги одржала во Конгресот.

Векстон е првата личност која зборува во Конгресот со глас создаден од вештачка интелигенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ