понеделник, 21 октомври 2024

Американска подморница со наведувани проектили пристигна на Блискиот Исток

Американската војска, во ретко соопштение, објави дека американска подморница со наведувани проектили пристигнала на Блискиот Исток.

Објавено на

часот

Сподели

Централната команда на САД во неделата на социјалните мрежи објави дека подморница од класата Охајо влегува во нејзината зона на одговорност, објави Си-ен-ен.

Беше објавена и фотографија на која се гледа подморница во Суецкиот канал североисточно од Каиро.

Војската ретко објавува за движењата или операциите на својата флота од подморници со балистички и наведувани проектили, а оваа најава е јасна порака за одвраќање насочена кон Иран и неговите сојузници во регионот, истакнува Си-ен-ен.

Подморницата, која не е именувана, им се придружува на голем број други бродови на американската морнарица веќе во областа, вклучувајќи и две ударни групи на носачи на авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ