Истражувачите во САД анкетирале повеќе од 1.900 возрасни лица кои откриле колку и кои алкохолни пијалаци ги пијат, споредувајќи ја исхраната на оние кои пијат само пиво (38,9 отсто), само вино (21,8 отсто), само жестоки пијалаци (18,2 отсто) или комбинација од различни видови алкохол (21 отсто), пренесува Експрес.
Нивните навики во исхраната потоа биле споредени со индексот за здрава исхрана, мерка што може да се користи за да се одреди севкупниот квалитет на исхраната на една личност.
Загрижувачки е тоа што студијата покажа дека ниту една од тие четири групи не била блиску до бодување над 80, што укажува на „соодветна исхрана“, но една група се издвоила како најлоша по овој критериум.
Утврдено е дека оние кои пијат вино имаат околу 55 поени, додека оние кои пијат жесток алкохол и оние кои пиеле различни видови пијалаци имале близу 53 поени.
Но, љубителите на пиво, кои се со поголема веројатност да бидат мажи, помлади, пушачи и со ниски примања, се најниско рангирани на 49 поени.
Тие, исто така, имаат најголем дневен внес на калории и најмалку вежбаат, што ги става на поголем ризик од дебелина и болести поврзани со дебелината, според истражувачкиот тим.
Затоа, ако се грижите за вашиот изглед, избегнувајте алкохол, особено пиво.