недела, 23 февруари 2025

Алкалоид со нова победа над Бриксен го завери четвртфиналето во Европскиот куп

Алкалоид со добра игра во второто полувреме го победи италијанскиот Бриксен со 38-31 и го завери пласманот во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим уште во Италија го реши прашањето за победникот во овој дуел откако таму победи со 12 голови разлика, па денешниот меч беше само рутинска заверка.

Во Автокоманда Бриксен покажа заби во првото полувреме кое го доби со 20-19, но во вториот дел момците на Кирил Лазаров покажаа дека се многу поквалитетен тим, направија комплетен пресврт и на крајот убедливо славеа со 38-31.

Најефикасен во составот на Алкалоид беше Александар Петковски со осум гола, Марко Митев постигна седум погодоци, Галевски имаше седум одбрани, Кизиќ шест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ