Суперкуп дуелот меѓу Алкалоид и Пелистер се играше во Гевгелија. Почетокот од мечот беше израмнет, по 15 минути игра резултатот беше 7-7, но потоа скопскиот тим почна да се одлепува и на полувреме замина со предност од 19-14.
На почетокот од вториот дел Пелистер успеа да дојде до -2, но Алкалоид успешно ги одбиваше налетите на македонскиот шампион и не им дозволи на битолчани да направат пресврт. Конечниот резултат беше 33-30.
Најефикасен кај Алкалоид беше Никола Костески со осум голови, за Пелистер Кузмановски даде пет погодоци.
Овој дуел беше и најава за почетокот на новата ракометна сезона во најдобрата македонска лига.