недела, 29 декември 2024

Алијанса на македонските Бугари бара 2.300 работни места во државната администрација

Објавено на

часот

Сподели

„Ова значи дека бугарската заедница во Република Северна Македонија е околу 160 илјади, бројка која не е конечна, затоа што во неа ги нема впишано малолетните деца на самите иматели на двојни државјанства. Поголемиот дел на политичките партии во РСМ, не го признаваа пописот, зошто беше спроведен во две етапи или половично во септември 2021 и март 2022, при што и графата за етничка припадност остана непополнета од 280.000 лица, на што претседателот на МАНУ во август 2022 предложи графата да биде избришана од пописните резултати.
Ова само по себе предизвикува сомнеж и алудира на тоа дека овие 280.000 лица се припадници на бугарската заедница во РСМ. Ако на тоа ги додадеме и веќе евидентираните 19.645 иматели на бугарското државјанство, излегува бројка од 300 илјади македонски Бугари во РСМ. Би сакал да појаснам дека луѓето од бугарската заедница т.е. македонски Бугари се родени во РСМ од семејства кои во минатото билe бугарски семејства и сите имаат биолошка врска преку своите родители кои и ден денес поседуваат лични документи за бугарска припадност.
Поголемиот дел од македонските Бугари привремено се раселени во потрага по работни места и обезбедување на егзистенција за своето семејство, а голем дел од нив размислуваат и за трајно иселување од РСМ. Затоа АМБ планира да го спречи тоа со вработувања во јавната администрација од редот на бугарската заедница во РСМ . Преку Агенцијата за вработување до 2025 треба да се вработат околу 30.000 македонски Бугари во институциите во РСМ. Бројката од 19.645  иматели на двојно државјанство македонски Бугари, доаѓаме до 1,1% од резидентното население во РСМ, што според балансерот значи дека на македонските Бугари во моментот им следуваат 2.300 вработувања во државна администрација, по веќе постоечките закони во РСМ и тоа пред запишување на македонските Бугари  во Уставот на РСМ“, изјави Цветковски во разговор објавен на интернет страницата на АМБ-ДНЕС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ