среда, 23 октомври 2024

Али Хамнеи ја предводеше молитвата на погребот на Ханија, толпата извикуваше „смрт за Израел“ (видео)

Погребната церемонија на убиениот политички лидер на палестинската милитантна организација Хамас, Исмаил Ханија, започна денеска во Техеран, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја предводеше толпата во молитва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По молитвата, насобраните ќе се упатат кон Плоштадот на слободата во иранската престолнина, а телото на Ханија потоа ќе биде пренесено во Доха, каде што ќе биде погребан, пренесува Ал Џезира.

Собраните на церемонијата носат плакати со ликот на Ханија и палестински знамиња, извикувајќи „смрт за Израел“, пренесува Ирна.

Ханија беше убиен вчера во Техеран, а Хамас го обвини Израел за неговата смрт.

Хамнеи нареди директен напад врз Израел поради убиството на Ханија, објави Ројтерс, цитирајќи тројца неименувани ирански претставници.

Поради убиството на Ханија, владата на Иран ги прогласи среда, како и 1 и 2 август за денови на жалост.

Ханија беше убиен само неколку часа откако Израел започна напад врз либанската престолнина Бејрут, при што беше убиен лидерот на Хезболах Фуад Шукр.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ