петок, 18 октомври 2024

Албанска мафија не сакала да го ограби Меси затоа што го почитувала

Шеф на албанска мафија открива дека многу фудбалери биле нивни жртви на грабеж, но не и Лео Меси затоа што имаат посебна почит кон него.
 

Објавено на

часот

Сподели

Лидер на албанска мафија, познат по името Алберто открива кои фудбалери ги ограбувале и зошто тоа не му го направиле и на Меси иако имале можност. Се работи за албанска мафија која оперира во Шпанија.

„Го имаме ограбено Карим Бензема. Влеговме и кај Кристијано Роналдо во неговата куќа во Мадеира, но немаше примамлив плен. Пред 11 години влеговме во куќата на Јохан Кројф, а не ни знаевме дека е негова. Сфативме каде сме кога ги видовме сликите на ѕидовите. Му украдовме предмети во вредност од околу 20 илјади евра“, вели Алберто во интервју за шпанскиот медиум „Ел Еспањол“.

„Неколкупати ги запирав луѓето кои сакаа да влезат во куќата на Меси. Се разбира дека не можам да ги запрам сите, но овојпат можев и многу сум горд на тоа. Можев сам да го ограбам Меси, имав можност да влезам во куќата на неговите родители пред околу една година. Но не го направив тоа бидејќи имам голема почит за Меси, се грижам за него“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ