недела, 20 октомври 2024

Албанис: Откажан самитот во Сиднеј, разговорите на лидерите на Квад на маргините на Г7

Објавено на

часот

Сподели

По телефонскиот разговор со Бајден претходно во текот на денот, Албанис најави дека ќе го откаже самитот Квад закажан за 24 мај.

Тој рече дека лидерите на Австралија, САД, Индија и Јапонија ќе се сретнат на самитот на Г7 во Јапонија овој викенд, откако Бајден го откажа патувањето во Сиднеј што требаше да биде втора станица на неговата азиска турнеја, пренесува Ројтерс.

Бајден ќе присуствува на тридневниот самит на лидерите на Г7, кој започнува во петок во Хирошима, а во недела ќе се врати во САД. Претходно беше предвидено да ја посети Папуа Нова Гвинеја, пред да отпатува за Австралија, на состанок на земјите од Квад.

„Средбата на четворката нема да се одржи во Сиднеј следната недела. Ние, сепак, ќе имаме разговори меѓу лидерите на Квад во Јапонија“, рече Албанис на прес-конференцијата.

Билатералните разговори во Сиднеј со индискиот премиер Нарендра Моди би можеле да продолжат следната недела, рече Албанис.

Тој не прецизираше дали јапонскиот премиер Фумио Кишида сепак ќе го посети Сиднеј следната недела.

Квад е неформална група која се залага за отворен Индо-Пацифик. Кина го гледа овој сојуз како обид да се спротивстави на нејзиното растечко влијание во регионот.

Индија и Австралија не се дел од групата на Г7 напредни економии, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, но тие беа поканети да присуствуваат на самитот во Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ