„Ми беше задоволство да се сретнам со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушнам нивните забелешки и грижи. Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање“, е ставот на амбасадорката Агелер.
Како што е објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје, амбасадороката Агелер се сретнала со судијката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството.
„Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите Држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Северна Македонија“, објавено е на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје.