„Корупцијата овде е навлезена во речиси сите општествени сектори, во сите гранки на Владата, во сите сегменти на бизнисите. Луѓето во Северна Македонија се среќаваат со корупција во секојдневниот живот“, констатира Агелер.
Во однос на претстојните избори и членството на Македонија во Европската унија, амбасадорката вели дека имало преседани каде амандмани се гласале за време на техничка Влада.