понеделник, 21 октомври 2024

Африканската фокус група ги зајакнува континенталните антитерористички мерки

Африканската фокус група во рамките на Меѓународната коалиција за борба против ИСИС, со која претседава Мароко, а која ги вклучува и Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, заеднички ја потврди својата посветеност за координирање на помошта за цивилите вклучени во борбата против тероризмот во Африка.

Објавено на

часот

Сподели

28-те членки на коалицијата изјавија дека имаат за цел да ги зајакнат антитерористичките мерки меѓу африканските земји-членки на коалицијата против ИСИС.

Во нивната колективна изјава, учесниците ја истакнаа тековната закана за западноафриканските заедници која ја предизвикуваат групите поврзани со ИСИС. Тие ги потенцираа иницијативите на оваа фокус група кои вклучуваат зајакнување на граничната безбедност, спротивставување на пропагандата и регрутирањето на ИСИС, поттикнување на отпорноста на заедниците и унапредување на способностите на членовите на коалицијата. Овие мерки имаат за цел да го спречат нелегалното финансирање на ИСИС и да ги идентификуваат факторите кои ги ограничуваат напорите за борба против тероризмот.

Изјавата дополнително ја потврди посветеноста на членовите на африканската група да споделуваат и развиваат добри практики, притоа помагајќи им на земјите-партнери кои бараат помош во борбата против тероризмот. Четирите водечки земји ја истакнаа цврстата посветеност на меѓународната коалиција за соочување со ИСИС во Западна Африка и на глобално ниво.

„Учесниците на состанокот во Котону ја потврдуваат важноста на тековната искрена и отворена размена и информираат дека членовите на африканската фокус група ќе продолжат да ги споделуваат и развиваат најдобрите практики за градење партнерски капацитети и ќе им асистираат на оние земји кои бараат помош во борбата против тероризмот“, се вели во соопштението на групата.

Агендата на фокус групата на коалицијата Д-ИСИС во Африка вклучува и координација со други мултилатерални иницијативи и добивање ажурирани податоци од коалиционите партнери кои се вклучени во или ги водат Иницијативата Акра, Г-5, Коалицијата за Сахел и Процесот Акаба. Дополнително, набљудувачот на коалицијата UNOCT даде информации за планираниот самит во Африка кој е закажан за пролетта 2024 година, а има за цел да ги дополни меѓународните напори во спротивставувањето на филијалите на ИСИС во Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ