петок, 18 октомври 2024

Африка ќе добие нов владетел на 28. Куп на нациите

Објавено на

часот

Сподели

Египет, шесткратниот шампион, трикратен по ред, ќе го пропушти ова првенство, кое по имиња и ѕвезди е најслабо до сега, со оглед дека покрај „фараоните“, ќе ги нема и африканските велесили како Нигерија и Камерун, што уште во почетокот го крати списокот на фаворитите на турнирот на три репрезентации – Сенегал, Брегот На Слоновата Коска и Гана.

Токму во овие три селекции ќе се бара и новиот шампион, со оглед дека најголем дел од европските фудбалски ѕвезди е од овие три земји, кога веќе ги нема стандардните африкански велесили. Иако и низ претходните турнири се покажало дека ѕвездите не играат преголема улога, туку тимската игра, па нема да биде изненадување ако Мароко, Тунис или некоја трета селекција на 12 февруари стане нов африкански првак.

За почеток, главни ѕвезди се Дидие Дрогба и Јаја Туре, кои треба да бидат носителите на „слоновите“, односно „црните ѕвезди“ од Гана, втората најтрофејна земја на континентот, која очекува потврда на својата супериорност во младите категории и генерацијата што веќе созреа, а во 2009 беше младински светски прваци, односно играше четврт-финале на СП во Јужна Африка година дена подоцна.

Очекувањата се дека без оглед на недостигот од многу имиња, турнирот треба да донесе извонреден фудбал и да покаже дека африканскиот континент е неисцрпен извор на фудбалери, кои сѐ повеќе имаат забележителна улога во европскиот фудбал. Ова е прв шампионат што се игра во парна година, па шампионат ќе има и в година, со цел во иднина да се избегне поклопувањето на секое второ првенство со мундијалската година.

Денеска на програмата Африканскиот куп на нациите се отвора до дуелите на кодомаќинот Екваторијална Гвинеја против Либија од 18.30 часот, односно Сенегал – Замбија од 21 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ