понеделник, 4 ноември 2024

АФП ја тужи платформата Х на Маск

Објавено на

часот

Сподели

АФП во средата објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијално плаќање за дистрибуцијата на содржината на агенцијата.

Во 2019 година Франција усвои регулатива за „сродни права“, која ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите што бараат надомест за вестите.

„Агенцијата Франс прес ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на Твитер (неодамна преименуван во „Х“) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права…“, се вели во соопштението на новинската агенција.

Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на X.

„Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за сообраќајот на нивните сајтови каде што тие заработуваат од рекламирање, а ние не!?“, рече тој.

X не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Во 2021 година француската антимонополска управа го казни Гугл со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила.

Оттогаш, Гугл вети дека ќе го реши спорот и најави спогодби со АФП и неколку други водечки француски медиуми.

Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ