Резултатот беше шокантен за навивачите, но и за фудбалерите. Адеми вели дека нема зборови за да каже што се случи.
„Не знам, навистина не знам што ни се случи. Немам зборови! Еден час бевме феноменални, а потоа се беше поинаку. Не знам што повеќе би кажал. За три дена имаме нова средба и ќе ни биде многу тешко. Ќе дадеме се од себе против Англија, па што сака нека биде“, изјави кусо по мечот Адеми.
Следниот предизвик за македонските фудбалери е дуелот со големиот фаворит Англија кој се игра во понеделник.