петок, 18 октомври 2024

Абрамович го изгуби спорот, санкциите на ЕУ остануваат на сила

Рускиот милијардер Роман Абрамович го изгуби денес правниот спор за укинување на санкциите кои по руската инвазија на Украина му ги наметна Европската Унија. По нападот на руската војска на Украина во февруари 2022, ЕУ им воведе санкции на руските функционери и низа руски бизнисмени како Абрамович, и замрзна стотици милијарди долари руски имот. Абрамович ја оспори валидноста на таа одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Судот, кој го отфрли и барањето на Абрамович за отштета, ја истакна неговата улога во рускиот произведувач на челик Евраз и фактот што челикот е голем извор на приходи а руската влада. „Општиот суд ја отфрла постапката која ја почна господинот Абрамович и со тоа ги потврдува рестриктивните мерки спроведени против него“, се наведува во пресудата на Европскиот суд.

„Советот не погрешил во својата проценка кога одлучил да го додаде, а потоа и да го задржи името на Абрамович на листата за која станува збор, поради неговата улога во групата Евраз и, особено, нејзината матична компанија“, додаде судот.

Абрамович, кој има и израелско државјанство и е поранешен сопственик на англискиот фудбалски клуб Челси, стана еден од најмоќните претприемачи во светот откако во 1991 година се распадна Советскиот Сојуз. Форбс ја проценува неговата вредност на 9,2 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ