петок, 8 ноември 2024

Абдуш Демири е изборот за член на ДИК од Европскиот сојуз за промени

Европскиот сојуз за промени составен од трите опозициски партии на Албанците (Беса, Алтернатива и Демократско движење) му забележуваат на претседателот на Соранието, Талат Џафери за начинот на кој побарал од нив да предложат кандидат за член на Државната изборна комисија (ДИК) но сепак, тие денеска го доставија името на својот фаворит. 

Објавено на

часот

Сподели

„Како координаторка, доставив писмо до претседателот на Собранието, во кое го потсетив дека единствени опозициски партии се само Алтернтива и Движењето Беса, како партии кои се произлезени од последните парламентарни избори. Притоа го предупредив да престане со ниските игри за саботирање на законското право што ѝ следува на албанската опозиција, бидејќи не е достојно за него, не само поради позицијата што ја има, туку и поради позицијата кон која цели, но ова е срамно и за демократијата и, воопшто, за политичкиот плурализам. Сепак наш кандидат за член на ДИК е Абдуш Демири. Предупредам за игрите на претседателот на Собранието, како и за саботажата предизвикана од ова антидемократско мнозинство. Оттука би сакал да побарам поддршка и од нашите меѓународни сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки за гарантирање на фер и демократски избори. Ако саботажата продолжи и овој член на ДИК ѝ се даде на некоја партија сателит, што неодамна е формирана од ДУИ, или преку овој избор се создава саботажа, така што местото на нашиот член ќе остане празно, тогаш нека ѝ се забрани целосно на опозицијата да учествува на изборите, исто како што правеше поранешната Југославија на ЈНА на Џафери. Но, ако тврдат дека прифатиле демократија, треба да сфатат дека Државната изборна комисија има Изборен законик кој утврдува како се избира нејзиниот состав со членови од владејачките и опозициските партии“, изјави Илире Даути, портпаролка на Алтернатива. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ