сабота, 19 октомври 2024

Абазовиќ: Србија и Косово мора да најдат решение

Објавено на

часот

Сподели

Абазовиќ во интервју за Балканската истражувачка мрежа (БИРН) француско-германскиот предлог го промовираше како решение за проблемот меѓу Србија и Косово.

„Со меѓународна помош, Србија и Косово мора да најдат решение, инаку за овој проблем ќе зборуваме во следните 20 години“, кажа Абазовиќ.

Тој ги отфрли критиките дека е „премногу близок“ до премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, откако ја поддржа иницијативата Отворен Балкан.

„Ни Рама ни Вучиќ немаат влијание на мојата политика, освен кога имаме заеднички проекти“, кажа Абазовиќ, оценувајќи дека критиките доаѓаат поради тоа што ја шири идејата за помирување во регионот.

Тоа, според него, ги загрижува луѓето кои живееле во минатото и конфликтите 30 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ