сабота, 19 октомври 2024

80 тони опасен отпад линдан од ОХИС испратени на уништување во Франција

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на отстранувањето на опасниот отпад, ископани се и спакувани се 210 тони земја затруена со линдан чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани се и спакувани се 231 тон на линдан отпад, од кој околу 80 тони, вчера беа извезени на уништување во Франција, информираа од МЖСПП.

„Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Полиеко, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа“, информираа од МЖСПП.

Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата депонија со линдан во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на линдан отпад и 127 тони на земја затруена со линдан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ