недела, 29 декември 2024

43 години од смртта на лидерот на Југославија Јосип Броз Тито

Објавено на

часот

Сподели

Почина на 88-годишна возраст, во Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија, во 15.05 часот. Во неколку наредни години , на 4 мај во 15.05 часот, се огласуваа сирените и превозот запираше, а граѓаните на Југославија стоеја во место и со молчење му оддаваа почит на Тито.

Четириесет и третата годишнина од смртта на Тито денеска се одбележана во Куќата на цвеќето во Белград, каде што беше погребан, во Кумровeц, Хрватска, каде што е роден и на уште неколку места.

Гробот на Тито, Куќата на цвеќето, кој е дел од Музејот на Југославија на Дедиње, од погребот до денес го посетиле околу 20 милиони луѓе.

На неговиот погреб присуствуваа повеќе од 200 делегации од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви и владетели и партиски лидери од 107 земји.

Јосип Броз Тито беше роден во Кумровeц во мај 1892 година. Неговиот роденден се славеше на 25 мај, како „Ден на младоста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ