На изложбата ќе бидат претставени дела на 39 уметници, меѓу кои: Решат Амети, Горан Боев, Ниче Василев, Јулијана Гешовска, Стадим Димитров, Синиша Кашавелски, Перо Кованцалиев, Ангел Коруновски, Павле Кузмановски, Благојче Наумовски, Страхил Петровски, Владимир Темков, Дита Старова-Керими, Стефан Хаџи-Николов, Трајче Чатмов, Љубица Мешкова-Солак, Дејан Иванов-Маргуш, Касиопеја Наумоска, Горан Боев, Доне Милјановски, Томе Мишев, Илија Спасовски, Новица Трајковски, Лазе Трипков, Мирослава Микиќ- Трујковска…
Ова е традиционална ликовна изложба, која се реализира повеќе од 20 години. Уметниците ќе се претстават со по две новосоздадени дела. Ќе бидат изложени 76 сликарски дела и 6 скулптури.
Во Македонија денот посветен на свети Трифун спаѓа во поголемите православни празници и на тој ден се врши закројување на лозниците.