Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе обвинение со кое обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14 мај 2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи.
„По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.