понеделник, 21 октомври 2024

10 години Видеолотарија касинос Австрија

Видеолотарија касинос Австрија во 2014 ја започна својата приказна. Посветеност, иновативност, професионалност, почитување на законската регулатива и одговорност се принципите на кои се поставени темелите на компаниското функционирање. Во овие 10 години, компанијата прерасна во македонски бренд која зазема лидерска позиција на полето на интернет и електронските игри на среќа. Покрај профитабилноста, се работи за општествено одговорна компанија која континуирано обезбедува силен придонес кон заедницата и општеството во целина.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Како модерна компанија,насројуваме да одговориме на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Да бидеме одговорни кон играчите, кон вработените, но и кон ранливите категории во нашето општество. Нашата компанија е членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии. Во текот на овие 10 години, државната Видеолотарија касинос Австрија обезбеди 205 милиони денари наменети за поддршка на културата, спортот, здравството, како и ранливите групи во нашето општество. Во повеќе наврати обезбедивме донации за здравството и тоа за: Детската кардиохирургија, Детската клиника, за гинекологија Чаир,  за болницата во Кичево, како и за поддршка на ковид фондот во здравството за време на пандемијата. Дополнително, по различни основи кон државата, се исплатени 7 и пол милијарди денари“, велат од компанијата.

ДВЛМ е партнер на ФФМ веќе неколку години, сигурен поддржувач на интернационалните успеси на Игор Стефановски Иџе, како и бројни спортски клубови. На територијата на Македонија реконструирани се 17 детски мултифункционални игралишта, на кои во текот на летниот период, заедно со бренд амбасадорите на Видолотарија реализирани се летни спортски игри.

Со цел создавање услови за талентираните лица, ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување, ја формирана е фондацијата Едуката. Преку стипендирање од фондацијата, се овозможува овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.

Како општествено одговорна компанија, сериозно внимание се посветува и на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Во 2023 добиен е сертификатот за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии. Активирана е и посебна информативна страница igrajodgovorno.mk која ја подготвуваат стручните лица од областа на психологијата и психијатријата.

Три милијарди денари се исплатени за џекпот добивки од страна на државна Видеолотарија касинос Австрија кон играчите на видеолотариските и електронските игри на среќа. На 12 јануари 2023 освоен е најголемиот ВЛТ џекпот на сите времиња во Македонија. Играчот Г. Р од Куманово освои фантастични 34.521.610 денари.

Благодарение на ДВЛМ играчите на интернет игрите на среќа, за првпат добија можност да учествуваат во интернет игрите на среќа на единствената легална платформата за игри на среќа, 2 win.mk. Таа денес има 50.000 регистрирани сметки на играчи. Најголемиот џекпот достигна вредност од 4.081.000. Во категоријата спортско обложување најголемата добивка на тикет е 2.260.000 денари.

„Нашата понуда на пазарот на игри на среќа е одраз на нашата посветеност кон перфекционизмот и постојаното унапредување. Секако, ова немаше да го постигнеме без нашите вредни вработени. Секој поединец во нашиот тим, на уникатен начин, придонесе во создавањето на нашиот успех. Вработените се еден од нашите најважни ресурси. Нивното задоволство е еден од нашите суштински приоритети“, изјави претседателот на НО на ДВЛМ, Аднан Шариќ.

На свеченоста по повод јубилејот, компанијата им додели благодарници на вработените за нивниот силен придонес во деловниот успех низ децениското постоење.

„И во иднина ќе продолжиме да бидеме први пред сите со својата одговорност, иновативност, професионализам и посветеност. И кон играчите, и кон вработените, и кон деловните соработници, и секако кон општеството во целина, притоа почитувајќи ја комплетно законската регулатива“, велат од компанијата.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ