Дежурен вработен во АМСМ добил информации од Германската служба за помош на пат, по што следувало јавување до Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека германски државјанин е во близина на селото Блаце, на планината Скопска Црна Гора, во правец кон селата Брест и Танушевци.
Во акцијата учествувале и полицајци од полициските станици Мирковци и Танушевци и надлежни од Општината Чучер Сандево.
Потрагата по изгубеното лице завршила синоќа околу 19.30 часот. Изгубеното лице заглавил на планински пат со неговото возило „тигуан“. Тој продолжил да се движи пешки во правец кон некоја куќа која ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него. Но, по пат се изгубил и се јавил во Германија.