понеделник, 30 декември 2024
Од најголема радост, до најголема тага

Ѝ донесе на Шпанија историско злато, а по мечот дозна дека татко ѝ починал

Објавено на

часот

Сподели

Од Шпанската фудбалска федерација, ја потврдија тажната вест.

„Фудбалерката ја дозна тажната вест по финалето на Светското првенство. Ги испраќаме нашите најискрени прегратки до Олга и нејзиното семејство во момент на длабока болка. Те сакаме, Олга, ти си засекогаш во историјата на шпанскиот фудбал“, стои во краткото соопштение на Шпанската федерација.

23-годишната Кармона која не само што го постигна голот, туку е и капитенка на Шпанија, кога го даде погодокот го крена дресот и покажа мајца на која пишуваше Мерч. Тоа беше името на пријателка на нејзината мајка која претходно починала. Судбината била таква што пред мечот починал и нејзиниот татко, но таа незнаејќи за тоа го одигра натпреварот.

Неполн час потоа дозна дека и самата загубила родител. По првичниот шок, Кармона се обрати преку социјалните мрежи со објава за татко си.

„И без да знам, сум имала ѕвезда на небото уште пред да почне натпреварот. Знам дека ми даде сила да постигнам нешто уникатно. Знам дека ме гледаше оваа ноќ и дека беше горд на мене. Почивај во мир тато“, напиша фудбалерката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ