Зверев во одлична форма пристигна на Ролан Гарос, по освоениот турнир во Рим. Па според многумина важи и за главен фаворит за освојување на трофејот во Париз, но вчера имаше тешка задача против Руне.
Данецот одлично го отвори мечот, го доби првиот сет со 6-4, а на тоа одговори Зверев со речиси перфектен сет, беше 6-1 за израмнување на 1-1.
Следуваше нов сет за Руне, данскиот тенисер беше подобар со 7-5 и дојде до ново водство овојпат од 2-1.
Во четвртиот сет се играше тајбрејк кој го доби Зверев со 7-2 и изедначи на 2-2. Во петтиот решавачки сет, Германецот беше подобар со 6-2 и го доби мечот со 3-2 во сетови.
Тоа беше последниот осминафинален дуел, познати се сите четвртфинални двојки.
Ролан Гарос четвртфинале:
Ѓоковиќ – Руд
Зверев – Де Минор
Циципас – Алкараз
Димитров – Синер