четврток, 19 декември 2024

Зурабишвили: ЕУ да изврши притисок во Грузија да се одржат нови избори

Грузиската претседателка во заминување Саломе Зурабишвили побара од Европската Унија да се меша во внатрешните работи на независна Грузија и да направи повеќе како поддршка на прозападните демонстранти вршејќи притисок врз владејачката партија Грузиски сон за да се одржат нови избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите во Грузија на речиси секојдневните протести бараат нови избори тврдејќи дека имало кражба на парламентарните избори во октомври на кои партијата Грузиски сон победи, а кои опозицијата одбива да ги признае.

„Европа треба да најде лост за влијание. Ако Европа не може да влијае на земја од 3,7 милиони жители, како може да очекува да се натпреварува со гигантите на 21 век“, кажа таа и ја обвини партијата Грузиски сон дека потрошила околу 200 милиони евра, според неа „црни пари“, за да влијае на изборите во своја корист.

„Заплашување, користење административни ресурси, пропаганда во руски стил. Покрај тоа, црни пари се користени во големи количества. За време на изборите немаше полиција. Лично присуствував на насилството во разни окрузи и се обидов да го контактирам министерот за внатрешни работи, но не можев да стигнам до нето“, кажа Зурабишвили, која има француско државјанство.

Грузија доби статус кандидат за членство во ЕУ во декември минатата година, но се појавија тензии во односите со Брисел во последните месеци по усвојувањето на законот за странски агенти во мај.

„Ако зборуваме искрено, Европа досега не му е целосно дорасната на предизвикот. Европа досега половично одговори на предизвикот“, оцени Зурабишвили. „Додека Грузијците се борат ден и ноќ, Европејците споро се будат и споро реагираат“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ оваа недела се обидоа да воведат санкции против некои грузиски функционери, но Унгарија и Словачка го блокираа пакетот санкции против водечките грузиски политичари.

Зурабишвили на чело на државата наскоро ќе ја смени Михаил Кавелашвили, кого парламентот минатата го именуваше за нов претседател на Грузија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ