„Покрај нелегалениот прогон на 8 делегати, (дел од нив се членови на нашето здружение кои укажува на незаконското работење во комората) преку Судот на честа, каде спторивно на Уставот, во работата на судот е забрането присуство на јавноста, одземен е и мандатот на делегатите за обвиненија кои ни случајно не можат да бидат засновани врз одредбите од Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија, ставена им е повеќегодишна забрана на правото да бидат кандидирани и бирани во органите и телата на комората. Вакво нешто никогаш не се случувало претходно.
Особено сакаме да потенцираме дека комората не ги почитува судските пресуди на Уставниот суд, Управниот суд, но и забелешките на Државната комисија за спречување на корупција, па поради тоа со право може да се каже дека во комората е внесен тоталитаризам и самоволие, особено поради фактот што се воведени глоби до 3000 евра и парични казни за кои не постои никаква законска основа ниту овластување.
Нашето здружението доби 3 управни пресуди во своја корист, но комората не ги спроведува и постапува спротивно на насоките на судот.
Прогонуваните делегати го истакнуваа прашањето за ненаменско трошење на средствата од фондот за солидарност, нереалното прикажани финансиски извештаи за 2018 и 2019 година (неприкажани средства за купените електронски сертификати од фирмата КИБС), откривањето на јавноста дека континуираното стручно усовршување е претворено во профитабилен бизнис преку нелегални и нерегистрирани здруженија со кои Марјан Денковски, како претседател на СКМ склучувал договори, иако знаел дека истите не се регистрирани во Централен регистар како правни субјекти и уште многу други работи.
Сето ова е посочувано со години наназад до сите влади и претходни министерс è тва, па затоа и овој пат го повикуваме Министерството за здравство и бараме да постапи согласно своите законски ингеренции, да ги преземе јавните овластувања од Стоматолошката комора на Македонија, која сите овие години ги извршувала без да има добиено решение за јавни овластувања од министерот, што е спротивно на член 262 од Законот за здравствена заштита и да наложи отстранување на сите неправилности во комората, како: нови легални избори на органи и тела на комората, поништување т.е. прогласување за ништовни на сите противзаконски општи и поединечни акти, да оцени дали постои основано сомневање за кривична одговорност на претседателот на комората и правното лице Стоматолошката комора, бидејќи органите на комората и претседателот затаиле во нужниот
надзор над одговорните лица во комората, како и незаконитите одлуки од некои тела на Комората .
Здружението исто така смета, дека најмалата работа што Марјан Денковски треба да ја направи е да си поднесе итна и неотповиклива оставка од функцијата на која е избран спротивно на статутот и за чиј избор сè уште е во тек управна судска постапка“, се наведува во соопштението на ЗПЗУПД по дентална медицина.